- Измерете го путерот, растопете и оставете да се олади.
- Во ванглата во која ќе ги замесите овие крофнички ставете го брашното, солта и пецивото, измешајте.
- Во друг сад ставете ги јајцата, шеќерот, ванилата, киселото млеко, разбркајте со жица или со вилушка.  Додадете го тиквеното пире и изладениот стопен путер и измешајте. Замесете тесто додавајки од добиената смеса кај брашното. Оставете го тестото покрено да одлежи околу 15 мин, на собна температура.
- Ставете во касеролата доволно масло да се загрева на средна температура (да не се прегрева маслото), на лесно побрашнета површина расукајте кора во дебелина од околу 5-6 мм., вадете крофничките со модла или како сакате вие - да ги исечете најобично на ромбови или квадрати, со модлите за колачи... сигурна сум дека ќе си имате своја идеја како да изгледаат. Ставајте од крофничките свртувајки ги така да долната страна на која лежеа да биде горна страна при ставањето во маслото... се така додека се испржат.
Напомена
- овие крофнички не се празни, полни, меки, вкусни, но за промена пак - тиквени се...
- се пржат во длабоко масло, а доколку се одважите да ги пржите во масло од гроздови семки... добиваат и на вкус и на боја.
- маслото да не е прегреано
Чашата е од 240 мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани