Праските ги лупиме, сецкаме на кришки и ги попрскуваме со малку лимон.
Во вангличка ги ставаме сите состојки за тестото.
Замесуваме мазно и нелепливо тесто.
Го завиткуваме во проѕирна фолија и го оставаме во фрижидер на 20 минути.
Потоа го расукуваме во кора која ја поставауваме во модла намастена и малку побрашнета.
Ја боцкаме со вилушка и ја ставаме на 170 степени да се печи во рерна, околу 8-10 минути.
За тоа време го подготвуваме филот.
Во касерола налеваме млеко, додаваме шеќер и пудинг. промешуваме да се раствори и вариме на тивок оган до згуснување.
Кратко го ладиме и со најмала брзина на миксерот ја додаваме слатката павлака и ванилата и соединуваме.
Полупеченото тесто го вадиме од релна.
Врз него го нанесуваме кремот од ванила и редиме кришки праски.
Враќаме во релна и печиме од прилика уште 20 минути.
Оставаме да се излади, па нежно наросуваме шеќер во прав или декорираме со слатка павлака и послужуваме.
По желба врз кростатата може да се стави и проѕирен прелив за колачи.....ама јас немав време за таа постапка.
Брзо ми требаше за послужување.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани