Прво го замесуваме тестото. Во брашното го ставаме на коцки исечениот путер. Замесуваме и потоа го додаваме јајцето, шеќерот, солта и пецивото. Замесуваме повторно и добиваме мазно потврдо тесто. Тестото замотано во најлонска фолија го ставаме во фрижидер да одстои малку (околу 1 час).
Садот за кростата го премачкуваме со путер (и дното и страните). Сукаме кора со големина на садот, на хартија за печење. Кората со помош на хартијата ја ставаме во садот. Одозгора ставаме џем од кајсии и врз тоа малини.
Тестото кое е преку страните на садот, го тргаме и од него пак сукаме лента од тесто и сечеме помали ленти од тесто со кои ќе ја украсиме кростатата одозгора.
Ја печеме на 180 степени околу 15 минути. Се служи кога ќе излади.
Рецептот е само со џем од кајсии, но со малините одозгора испадна уште подобро.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови