Бисквит
Растворете го шеќерот во водата.
Додајте го маслото и ванилата и измешајте.

Во друг сад измешајте ги просеаното брашно, пециво и сол.
Додајте ги течните состојки и замесете тесто.

Оставете го да постои додека ги карамелизирате бананите.

Подготовка на бананите
Во нелеплива тава ставете го шеќерот и бананите исчени на кругови.
На тивок оган со повремено мешање оставете да се карамелизираат.
При крај додајте ги циметот и меленото каранфилче.

Меѓу 2 листа хартија за печење од тестото расукајте кора.
Оставете 1/4 од тестото за ленти кои ќе ги ставите одозгора на кростатата.

Со помош на хартијата префрлете ја расуканата кора во калап(18цм).
Избоцкајте ја кората со вилушка и нанесете ги карамелизираните банани.

Од остатокот тесто формирајте ленти и ставете ги врз бананите.

Печете на 180 степени, околу 30 минути.

Испечената кростата оставете ја убаво да се олади, а потоа посипете ја со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани