Одличен рецепт, брз и многу вкусен.
Пилешкото месо го сецкаме ситно, а пото ги додаваме павлаката, жолчките, лебните трошки, сецканите јајца и чајната исецкана ситно и со рака замесуваме.
Кога смесата е убаво соединета со влажни раце оформуваме крокети.
Белките ги матиме убаво и малку ги посолуваме,а лебните трошки и сусамот ги промешуваме.
Крокетите ги валкаме прво во белка, а потоа во лебни трошки со сусам.
Крокетите ги пржиме на загреано масло додека добијат убава румена боја.
Рецептов е преубав, како замена за чајна може да се користи и димена сланина исецкана на ситни парченца.
На здравје !!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови