1. Лешниците за крокантот се ставаат во една тавичка и се ставаат во рерна да се запечат.
2. Шеќерот за крокантот се става во една касерола и се остава да се карамелизира. Треба да се внимава да не прегори шеќерот.
3. Лешниците се мелат јадро и се додаваат во растопениот шеќер, се промешува да се соедини и се става врз хартија за печење.
4. Карамелот се остава малку да се олади, но треба да се внимава затоа што брзо се стегнува.
5. Од сеуште нестегнатата смеса крокант се прават мали бомбици и се оставаат на страна.
6. Во еден сад се ставаат ситно мелени лешници и бисквити, двата вида чоколадо се рендаат и се додаваат во садот.
7. Во истиот сад се додаваат и останатите состојки за бонбоните, а сокот од портокал се додава по потреба.
8. Се зема од смесата со лешници и бисквити и се притиска со рака, во центарот се става крокант бомбицата и се формираат големите бомбици.
9. Во еден сад над пареа се става белото чоколадо заедно со маслото и се растопува.
10. Во чоколадото се потопуваат бонбоните и се оставаат на ладно да стегне чоколадото.
11. Исто така се растопува и чоколадото за декорација и со него се декорираат бонбоните.

Забелешка
- Ако ви е многу топло на рацете додека ги правите малите бомбици може да користите медицински ракавици (1-2 пара).

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови