1. Во топло млеко со шеќер се става квасецот да се активира. Потоа од сите состојки се замесува глатко, меко тесто. Тестото веднаш се дели на 8 топчиња и се оставаат да мируваат 10мин.

2. Првото топче се сучи величина колку тацна од кафе, се премачкува со маргарин. Така се сучат и другите топчиња и се премачкуваат со маргарин и се ставаат едно врз друго. Последниот дел од тестото не се премачкува. Се остава да се одмори 15мин.

3. Сега добро се побрашнува работната маса и тестото се сука во голем круг.

4. Кругот се сечи на половина хоризонтално, а потоа се сечат долги триаголници кои се широки 7см.Се ролаат и се ставаат во тава за печење на хартија.
Вака приготвените кроасани се оставаат да стојат 1,5 до 2 часа на собна температура.

5. Кога кроасаните ќе нараснат, се премачкуваат со разматено јајце и се посипуваат со сусам, лен крупна сол ...по желба...
Се ставаат да се печат во загреана рерна на 180С и се печи додека да поруменат.
Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани