Стапчињата аспарагус излупете ги на долниот дел, измијте ги и исечете ги на помали парчиња.
Компирите излупете ги и исечете ги на плочки, а кромидот ситно исецкајте го.
Сите заедно ставете ги во тенџере и додајте ја водата, маслото и зачините по вкус. Ставете ги да варат околу 20-25 минути додека зеленчукот омекне.
Потоа изблендирајте го да се добие мазна каша. Ако сакате оставете си некое цело парче од врвовите за декорација.
Додајте ги путерот и павлаката за готвење и вратете ја оган да повари уште 5-6 минути. По потреба додајте уште зачини.
Супата послужете ја топла со препечен леб, салата и по вкус може да си е посипите со пармезан.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани