Тиквата исечете ја на парчиња и ставете ја во тапсија. Кромидот и луот исто ставете ги во тепсијата. Се'посолете и ставете малку маслиново масло. Ставете во рерна да се потпече.
Леќата сварете ја.
Печената тиква излупете ја од лушпата. Исто и кромидот и лукот излупете ги.
Во тенџерето каде се вареше леќата ставете ја печената тиква, кромидот и лукот и се заедно испасирајте. Додајте 50 мл, маслиново масло, вода по желба (колку сакате да ви биде густа супата.) и поварете уште 5 минути. Посолете ја супата, додајте сув зеленчук и магдонос.
Кромидчето испржете го до златна боја.
Крем супа сервирајте во чинија, во секоја чинија ставете малку пржен кромид и магдонос.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани