Во едно тенџере се ставаат излупени и исечени на крупно-компирот, морковот, кромидот и пашкантот. Се додава околу 2,5 л. вода и 1 лажица зачин од сушен зеленчук. Ова врие околу 10 минути. Се трга на страна малку да олади.
Во друго тенџере во кое ќе се вари супата се запржуваат измиените и исечени шампињони.
Додека се запржуваат шампињоните, се процедува течноста од варениот зеленчук. Кон зеленчукот се додава измиената брокула, исцепкана на парчиња. Со рачен пасатор се пасира зеленчукот и се додава кај шампињоните.Се додава течноста во која се вареше зеленчукот, сол и црн пипер и се остава да вари 10 минути. Пред крај се додава и магдонос.
Да напоменам дека наместо свежа брокула, може да се стави и замрзната брокула.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови