На масло се запржуваат претходно зачинетите кременадли.
Кога се малку запржени, се вадат од маснотијата.
Во маслото во кое пржевме, додаваме ситно исецканиот кромид и лук.
Пржиме убаво да омекнат, па додаваме 3 лажици брашно.
Пропржуваме малку, па додаваме бело вино.
Во водата ја раствараме коцката за супа,  ја додаваме во садот кај кромидот.
Во огноотпорен сад или тава ги редиме кременадлите, па ги посипуваме со сосот
Додаваме зачини и ловоров лист.
Покриваме со фолија и оставаме да се пече на тивко.
После 40 минути, отворете ја фолијата и оставете така уште 5 минути.
Ви предлагам да го пробате ова прекрасно јадење и да видите дека никогаш помека кременадла не сте каснале.
Сервирајте по желба. Јас тоа го направив со листови марула.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови