1. Во округла тава Делимано се запржуваат кременадлите од двете страни. Потоа се тргаат и во маслото во тавата се додава 1 лажица брашно и се запржува. Потоа се додава 300мл вода се зачинува со бибер, сол, зачин, ловор, сечкано лукче, сечкан морков, печурките и се враќаат кременадлите да се варат 30 до 40мин со долевање на вода по потреба.
2. Во друго тенџере се ставаат излупените компири се варат во солена вода. Кога ќе бидат готови се цедат од водата и се додава врело млеко. Се пасираат-гмечат компирите и се додава 1 лажица путер. Убаво се меша да се добие изедначена текстура.
3. Се сервираат кременадлите со сос и пире.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани