- На кременадлите одстранети им ги коските, измијте, подсушете со салфета, исчукајте ги, на вкус посолете и посипете бибер. Потоа извалкајте ги во брашно, испржете на загреано масло да добијат убава румена боја. Испржени наредете во тавка. Врз нив ставете неколку листови ловор.
- На истото масло во кое се пржеа кременадлите пропржете го кромидот покрупно сеченн. Кога ќе омекне додадете го ситно сецканиот лук и 3-4 лажици брашно.
Залијте го со буљонот кој сте го направиле така што во врела вода растопете ја ситно иситнета говедската коцка.
Оставете нека проврие кратко време да добие одредена густина, досолете на вкус доколку не ви е доволно солено, залијте ги кременадлите. Попрскатје ја целата содржина со белото вино. Покријте ја тавката со капак или затворете со фолија, ставете во претходно загреана рерна на 180 степени нека се пече околу 40 мин. потоа отклопете и нека се допече уште 10-на минути.
Бон Апетит, имате добро спремани кременадли со уште повкусен сос.
Послужете со ориз, пире... или тоа што вие мислите дека ќе одговара.
Напомена
Во овој сос солидно одговараат шампињоните кои ќе ги додадете во моментот кога се пржи кромидот. Денес немав и не ставив, одлучив да ставам малку морков.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани