Кремендалите прво ги посолуваме, па ги пржиме во загреано масло убаво од двете страни. Ги вадиме на чинија.
Во истото масло ставаме да се пржи ситно сецкана главица кромид. Кога кромидот е доволно испржен ги додаваме сецканите кисели краставички.
Потоа додаваме една лажица брашно и буковецот и убаво мешаме.
Налеваме 100 мл црвено вино, супата и доматното пире и го додаваме сецканото лукче.
Кога е готов сосот ги враќаме кременадлите и во полузатворен сад оставаме да динстаат на средно силен оган околу половина час.
Кремендаливе со овој вкус се превкусни и нај добро одат кога се служат со компир пире и зеленчук или салата.
Добар апетит!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови