Имам правено многу видови на ролати но можам да кажам дека овој ми е фаворит. Мек, кремаст, не одолив, едноставно да уживате во секој залак.
Подготовка на бисквитот
Белките се бијаат настрана во цврст снег. Жолчките заедно со шеќерот се бијаат убаво и потоа се додаваат брашното и какаото. На крај се додава снегот од белки и сето тоа убаво се соединува. Смесата се истура во плех обложен со хартија.
Се печи на 200Ц околу 10мин, но поубаво е да се проверува. Откако ќе се испечи се завиткува во влажна крпа.

Подготовка на кремот
Млекото заедно со јајцата, шеќерот и брашното се ставаат да се варат. Се вари додека смесата убаво не се згусни и се остава да се подизлади. Маргаринот се бие и во него се додава подизладената смеса. Се мати со миксер се додека смесата убаво не се соедини.
Добиената смеса се дели на два дела, едниот се остава така како што е, а во другиот се додава истопената чоколада (најубаво е чоколадата да се топи на пареа)
Се филува бел па црн фил. Одозгора ролатот се прелива со истопена чоколада.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови