Подлога
1. Переците се ставаат во кеса и се толчат/кршат.
2. Се става шеќерот малку да почни да се карамелизира, па се додава путерот и се меша се убаво да се стопи.
3. Потоа се додава ванилата и дробените переци.
4. Се се меша на рингла 2-3 минути, малку да се потпечи.
5. Смесата се истура во подмачкана тава 20х30 и убаво се распоредува и израмнува.

Крем
1. Пудинзите се мешаат со 1 лажица шеќер и 100 гр од млекото, а остатокот со 6те лажици се загрева. Во загреаното млеко се додава растворениот прашак за пудинг и се вари крем.
2. Кремот се претура во друг сад, се покрива со фолија и се остава да се излади.
3. Желатинот се раствора во 5 лажици ладна вода и се остава 5 минути да набубри. Потоа се загрева на ниска температура додека се стопи.
4. Во оладениот пудиг се додава маскарпонето, павлаката и на крај стопениот желатин и се убаво се миксира до соединување.
5. Смесата се истура врз здрвената подлога од переци.

Украсување и преливање
1. Овошјето се сечи на тенки парчиња или пак на мали коцки и се реди, распоредува врз кремот.
2. Преливот за торти се меша со 3 лажици вода и шеќерот.
3. Останатата вода и сокот од портокал се загреваат до вриење, се додава растворениот прашак и повторно се враќа на рингла со мешање додека не дојди до степен на вриење.
4. Готовиот прелив се остсва 5 минути со повремено често мешање па потоа се истура врз реденото овошје рамномерно насекаде.

Колачот се остава најмалку неколку саати во фрижидер да се здрви пред да се исечи на парчиња за служење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани