Јас ги обожувам Фролините на Дониа, но редовно ги јадам само со ладно млеко и уживам во тој десерт Го смислив овој рецепт и бев многу задоволна од исходот - исчезна нивната крцкавост и се топеа во уста. Можеби од сега па натаму и ќе си ја променам досегашната навика, па место со чаша млеко ќе ги конзумирам вака кремасти ...

Подготовка
1. Слатката павлака и чоколадото се топат и соединуваат убаво на пареа. Се лади ганажот и потоа секоја бисквита-Фролина се премачкува со него во не многу тенок слој. Откако малку ќе постојат да се срегне ганажот, се филуваат Фролините (секоја втора бисквита бидејќи со останатите ги поклопував филуваните)

Подготовка на филот
Прашокот за пудингот се раствора во дел од млекото, а останатото млеко се става на огин да зоврие заедно со шеќерот и ванилата. Се вари крем. Се остава да излади, а потоа во него се додава претходно изматената слатка павлака. Се става филот во шприц за филување торти со најситна ѕвездеста модла и со него се филува, поточно декорира. Врз филот се поклопува со нефилуваните бисквити и озгора се декорира по желба ( јас декорирав со слатка павлака - матена и обоена со нијансите на виножитото)
Пријатен апетит со кремастите Фролини на Дониа !

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани