- Тиквичките исечете ги на подебели кругови, посолете, зачинете и нека одстојат околу 30 мин,
- Во тавата во коќе ги спремате ставете го маслото, ставете ја во рерна која веќе сте ја вклучиле на 200 степени да се маслото загрее. За тоа време пенесто изматете ги јајцата, додавајки од киселата павлака или млеко. Додадете и ронето сирење. Една половина од тиквичките внимателно исцедете ги, валкате една по една во презлата, редете ги во тавката исто како за мусака кога редиме. Прелијте со половина од залевката. Повторете ја постапката со останатата половина од тиквичките, залијте одозгора со останатата половина од залевката, посипете со сусам, ставете во веке загреаната рерна и нека се печат околу 30-40 мин. Извадете, малку нека олади и сервирајте со додаток од пилешко, или послужете како топло предјадење.
Чашата е од 200 мл.
Доколку ги сложев во помала но длабока тавка, тиквичките ќе беа облиени со залевката така да визуелно ќе беа полични.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани