Во една касерола се налева вода и се додава прстофат сол
Кога ќе почне да врие се додаваат равиолите и евентуално грашакот и се варат според упатството.
За тоа време го приготвуваме белиот кремаст прелив.
Во сад на оган ги ставаме путерот и маслото и го ставаме празот.
Кратко пропржуваме па ги додаваме чајните стапчиња (сечени на мали парчиња) и тие да го пуштат својот мирис и вкус.
Го намалуваме огнот па ги ставаме павлаката за готвење, киселата павлака, топеното сирење, зачинуваме по вкус, ги додаваме шери доматите и маслинките.
Нека крчка на тивко 2-3 минути да се спојат вкусовите.
На крај посипуваме со сецкан магдонос,
Во голема чинија ги сервираме исцедените равиоли, врз нив го нанесуваме белиот крем, наросуваме со сецкан магдонос и пармезан.
До колку имате грашак од конзерва одма ставете го во сосост додека крчка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани