Во мал сад на оган ги растопуваме путерот и чоколадото.
Оставаме да се изладат.
Во друг сад ги ставаме јајцаат и шеќерот и матиме да добиеме убава густа смеса.
Со исклучен миксер и со лесни движења на шпатула наизменично ги додаваме пецивото, брашното и растопените чоколадо и путер.
Смесата ја истураме во правоаголна ростер тава.
Печиме околу 15 минути.
Оставаме да се излади.
За тоа време во касерола го налеваме сокот од вишни, додаваме шеќер, густин.
Промешуваме и вариме на оган до згуснување.
Во топлиот вишна крем ги додаваме и вишните.
Соединуваме.
Одма овој крем го нанесуваме на изладеното тесто.
Израмнуваме.
Во сад го ставме маскарпонето и шеќерот во прав.
Матиме со миксер.
Потоа постепено ја додаваме павлаката за готвење и матиме.
Внимаваме да не ја прематиме кремата, за да не добиеме путер.
Половина од овој крем го нанесуваме врз вишна кремот.
Во остатокот на крем додаваме растопено чоколадо.
Промешуваме.
Кремот го ставаме во готварски шприц и го нанесуваме врз белиот крем.
Остаавме колачот да одстои 1 час, па сечеме на коцки и послужуваме.

Колачот е исклучително вкусен.
Ви го препорачувам да го подготвите.
По желба испеченото тесто може да се попрска со 3-4 лажици сок од вишни

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани