Прво измиениот карфиол го обаруваме, доволни му се 5-6 минути.
Го процедуваме, миеме со ладна вода и го оставаме да се излади.
Ги вариме јајцата и нив ги оставаме да се изладат.
Во сад го ставаме грашакот, сецканата свежа краставица, сецканата кисела краставичка, ренданото сирење, сецканиот карфиол, сецканите јајца, сенфот, куркумата, мајонезот, сол, бибер.
Соединуваме па додаваме кисела павлака.
Треба да добиеме убава сочна салата, ако има потреба додаваме уште кисела павлака.
Сервираме во сад, декорираме со црни маслинки и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани