Во тенџере ги ставаме излупените и измиени компири, малку сол, додаваме гранчиња целер и оставаме да се варат.
Од кога компирот е сварен оставаме на страна да се лади.
Во нутрибулет го подготвуваме дресингот.
Во сад ги ставаме варените гранчиња целер, сол, бибер, сенф, мајонез, маслиново масло, оцет или лиимон, лутата пиперка и соединуваме.
Во сад ги ставаме сецканите компири, сецкан магдонос, сецкана краставица, малку копар и подготвениот дресинг.
Соединуваме и на крај додаваме кисела павлака.
Промешуваме убаво.
Сервираме на тајнир, наросуваме сусам и копар.
Декорацијата ја завршуваме со цвет од листови морков.
Оставаме во фрижидер барем 1 час за да се спојат вкусовите, па послужуваме.

Забелешка
Како предлог во салатата може да се додаде и дробено фета сирење.
До колку не сте љубител на лута пиперка, едноставно изоставете ја.
Секако дека количините може да варираат од вашите потреби, а секако дека може да се додадат и зачини по сопствен вкус.
За нас салатава беше прекраснаааа...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани