Брзи и лесни крекери, со интересен вкус.
Се замесува тесто од сите состојки и се развлекува тенка кора директно врз хартија за печење. Се сечи на коцки, триаголници или како ви е по желба. Се премачкува со масло и се посипува со крупна сол. Рузмаринот се става во самото тесто, но по желба може и да посипите одозгора.
Се печи на 200 степени, околу 12-15 минути (зависно од дебелината) или додека да порумени на краевите.

Забелешка- јас овој пат направив една доза и со буковка наместо рузмарин. Вкусни беа и така.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови