Сум правела многу рецепти за вакви колачи со вишни.
Но овој е исклучително, мек, сочен, вкусен.
Ги трошам последните залихи на замрзнато овошје.

Начин на подготовка.
Во една вангличка се ставаат јајцата, ароматизираниот шеќер и шеќерот и се мати до побелување.
Го исклучуваме миксерот, па ги додаваме маслото, јогуртот, киселата павлака.
Во еден сад се соединуваат брашното и пецивото.
И нив ги додаваме во садот.
Со лажица соединуваме да добиеме убава, мазна смеса.
Ја истураме во мала ростер тава на делимано.
Вишните ги валкаме со мешавината на брашно и шеќер и ги редиме одозгора врз колачот.
Печиме во загреана релна околу 35-40 минути на 180 с.
Изладениот колач го наросуваме со шеќер во прав, па го сечиме на парчиња и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани