Земаме две ванглички и ги делиме белките од жолчките.
Ги матиме жолчките со половина количина на шеќер до побелување.
Со чисти маталки од миксер ги матиме белките во снег со постепено додавање на остатокот на шеќер и ванилата.
Со лесни движења ги соединуваме двете смеси, постепено додавајќи млеко, масло.
Додаваме просеано брашно и пециво.
Соединуваме.
Смесата ја истураме во мала ростер тава малку подмачкана и посолена со брашно.
Одозгора ги редиме измиените, исецкани зрели смокви.
Печиме на 200с околу 30 минути.
Проверуваме секако со чепкалака дали колачот е готов.
Го оставаме убаво да се излади, наросуваме шеќер во прав, па сечеме на парчиња и послужуваме.
совет-може да се користи било какво друго сезонско овошје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани