Во нутрибулет ги ставаме сецканите банани, млекото, јогуртот, маслото.
Со кратки пулсирања ги соединуваме состојките.
Во вангличка ги ставаме јајцата и шеќерот и матиме до побелување.
Ја додаваме претходно подготвената течна смеса.
Додаваме брашно и пециво.
Со лесни движења ја соединуваме и изедначуваме смесата.
Најмала ростер тава малку ја намастуваме, посипуваме со малку брашно.
Во неа ја истураме подготвената смеса и расфрламе крупно сецкано чоколадо.
Печиме во загреана релна околу 30 минути.
Оставаме колачот да се излади, па сечеме на коцки.
Нежно наросуваме шеќер во прав и послужуваме

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани