Во тава го ставаме парчето путер и ги додаваме ренданите јаболка.
Пржиме со повремено додавање на шеќер, цимет и ванила.
Тргаме од оган и додаваме какао.
Убаво промешуваме.
Во филот по желба се додаваат суво грозје или сува брусница.
Во изладениот фил додаваме изматена белка.

Во вангличка ги ставаме сите состојки за тесто и замесуваме мазно и нелепливо тесто.
Го оставаме 15 минути во фрижидер.
Потоа користиме модла, може да биде една голема со димензии бр.24-26 или 4 мали модли како на сликата.
На малку намастено дно ставаме исучена кора од тестото.
Ставаме фил.
Преклопуваме со втора исучена кора.
Печиме во загреана рерна на 200 степени околу 25 минути.
Тортиците ги оставаме во калапот 5 минути.
Го одстарнуваме обрачот и посипуваме шеќер во прав.
Сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани