Брза, но превкусна пита!
Правам поголемо количество на путер од кикирики кој го користам во текот на неделата во секојдневното печење, а одлично се спои и во оваа пита.

- Се замесува тесто од наведените состојки, кое се сплескува во помал намастен плех.
- Врз кората се нанесува мармаладот од бобинки, а врз него се распоредува путерот од кикирики.
- Во сад се мешаат овесните снегулки, брашното, сецканите кикирики и кокосовото масло. Добиениот крамбл рамномерно се распоредува врз питата.
- Се пече 20-25 минути на 200Ц.

Напомена
Може да се користи било кој мармалад, но мармаладот од бобинки е малце киселкаст и одлично се спојува со останатите состојки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови