- Сварениот наут и сите останати состојки освен, водата, маслото и лимоновиот сок ставете во блендер -  Убаво изблендирајте да добиете убава кремаста смеса, таа ќе биде многу густа и долевајте од врелата вода или водата во која се варел наутот. Блендирајте, потоа додадете од маслото, истискајте го лимонот, не го ставајте сокот одеднаш - пробувајте и дотерајте по ваш вкус. И густината на намазот зависи од вашиот вкус - колку сакате да биде густо.
- Можете овде да ставете и буковец или пак одделно да го служите кој сака нека си посипува. Заради подмладокот не ставам буковец.
Напомена
Ваквите намази ги сакам многу, но во маркетите знаете сите дека се со мала количиниа, но со поголема цена. Секогаш ми се предизвик да ги приготвам дома - и ова е спој на Кралскиот Хумус (Намаз) со додавање на семките. Тиквените семки можете да ги испече малку и не мора.

НАМАЗ ОД СУСАМ - и тој е домашната работилница.
На оган во тавче го печам сусамот постоано мешајки го за да не се препече и изгори (ќе горчи после). Ставам во блендер, додавам малку сол и маслиново масло, блендирам до добивање на мазна кремаста смеса, соберам во тегличка.
Купувам веќе готов и конзервиран наут, но едно време и го варев. Верувам дека знаете дека одвечер се накуснува наутот - наредниот ден се вари со малку сода бикарбона.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани