Колач кој се топи во уста. Tопло го препорачувам. :)

Најпрво се подготвува млечниот фил.
Се зоврива млекото - 6 дл. со шеќерот и ванилата.
Во 2 дл. млеко се раствораат двата пудинзи и се додаваат во зовриеното млеко.
Се вари пудингот до потребната густина и се остава да се излади.
Се мати слатката павлака и лесно се соединува со изладениот пудинг.

За овошниот фил се блендираат јаболката и бананите во каша.
Им се додаваат бисквитите и оревите и се убаво се изедначува.
По вкус може да додадете шеќер, а по потреба, заради густината можи уште малку мелени бисквити. Кај мене немаше потреба.

На соодветна чинија се започнува редењето на бисквитите, кои претходно се макаат во топло млеко во која има малку екстракт од ванила.
Се премачкува редот со млечен фил, па врз него овошен фил.
Постапката се повторува уште еднаш.
Одозгора се ренда чоколадо.
Се остава убаво да се излади и стегне во фрижидер, па се сечат коцки.

Уживајте сладејќи се!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани