Многу вкусен и едноставен турски десерт.
Во едно тенџере ставете млеко, додадете брашно и шеќер и варете додека не загусне.
Во плех истурете кокос и рамномерно распределете го.
Смесата од млеко, брашно и шеќер истурете ја врз кокосот и израмнете. Ставете ја во фрижидер.

За прелив
Ставете сок во тенџере, додадете шеќер и густин варете додека не загусне околу 5-7 минути.
Преливот прелијте го врз основата и ставете во фриждер да се стегне.
Десертот сечете го на коцки и редете една врз друга.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани