Се двојат жолчките од белките. Белките со неколку зрна сол се матат, па се додава шеќерот и се матат во цврст шам. Потоа се додаваат жолчките и се матат да се соединат убаво. На крај се додава гризот кој се меша полека.
Се истура во подмачкано тавче (20х35) со зејтин и брашно. Рерната е веќе загреана на 200 степени, а штом се стави кохот се намалува на 180. Се пече едно 15 мин. Додека се пече се става млекото со шеќерот и ванилата да се стопи шеќерот и млекото да дојде до точка на вриење. Штом се извади од рерна кохот се попарува со врелото млеко полека,врел кох врело млеко. Се остава да се излади и да се упие млекото. Еден евтин брз и лесен колач. Јас му ставив малце од течниот карамелот и баш го освежи. Вие не морате да ставате или ако имате друга идеја може по ваш вкус.
На здравје...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови