Во просеано брашно ставете сув квасец, јајце, маргарин, јогурт, сол, шеќер и замесете тесто. По потреба додајте топла вода, колку да се замеси тесто.
Оставете тестото да стаса.
Стасаното тесто поделете го на топчиња.
Топчето рассукајте го, ставете во него виршла, залепете ги краевите, сечете го на мали парчиња, ама не го досекувајте до крај. Местете го тестото едно кругче лево едно десно, да ви испадне плетенка со кругчиња.
Кифличките наредете ги во тепсија, оставете 15 минути да стаса, намачкајте со јајце и наросете со сусам и афион.
Печете во загреана рерна на 250 степени околу 30 минути.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани