Ова е повеќе идеја да се отскокни од стандарниот вкус на компотот само со овошје и шеќер и да се направи компот со додавање на вкусови од зачини. Кај мене целта е да не се зафаќа место во фрижидерот со мрзнење на овошјето, па за на зима да се има и овој вид на овошје за миксање во Нутрибулетот. Дел оставив стандарден, а дел го измешав со зачини како цимет, каранфилче и мускатно оревче. Тие одлично се вклопуваат на овој вид овошје. Наброено е и ванилин и линон шеќер во составот погоре, па така во едни додавав вкус со ванила а во други тегли со лимон.

Овошјето најпрво убаво се мие и се чисти од семките. Потоа се сечка на помали парчиња и се полнат со него теглите до горе. Се додаваат зачините по желба (секако да не се претерува многу со нив), се полнат со вода и убаво се затвораат.

Има повеќе начини како да се конзервираат... во рерна, на рингла во голема шерпа обвиткани со крпи или весници и во машината за садови вака
Последниот начин мене ми е најлесен, испробан и успешен, па ги ставив теглите во машина, ја пуштив најдолгата програма со највисока температура од вечер и ги извадив утрото од машината.

Една од радозналост наполнав и со боровинки. Не до горе, ами колку што имав при рака. Се уште не ми е отворена, ама сигурна сум дека и таа ќе е успешна кога ќе и дојди времето за отворање.
Со една тегла би требало да се измиксираат сокчиња за целото семејство.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани