Прво излупените компири ги вариме и ги пасираме со вилушка.
Во топлото млеко го ставаме квасецот, шеќерот, малку брашно и нека се активира.
Потоа ги додаваме пасираните компири, јајцето, солта и брашното.
Замесуваме меко тесто.
Можеби малку ќе лепи, но со посип добро се изработува.
Јас вака го замесив и од многу обврски не стигнав дента да ја реализирам питава.
Тестото го оставив во фрижидер 12 часа.
Кога го извадив бев воодушевена, цело беше меури, а од кога се испече пиптата беше премека.
Ова не значи дека тестото мора да стои во фрижидер, туку доволно е да кисни 30 минути, па да се продолжи постапката понатаму.
На загреано масло го пропржуваме ситно сецканото кромидче, го додаваме месото, зачините.
Доматното пире го раствораме во вода и го додаваме во месото да се динста, да му испари водичката.
Додаваме сецкан магдонос.
Го земаме тестото и нежно го расплескуваме во тава бр 32.
Јас ја користев тавата за пица на делимано.
Го распоредуваме тестото по површината, а одозгора го рендаме кашкавалот.
Печиме околу 20 минути на 200 с.
Декорираме со кисела павлака и сецкана црвена капија.
Топло ви ја препорачувам оваа пита, има прекрасен вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани