Сакајќи да имаме некое мезе за пред телевизор ги смислив овие корпички за кои зажаливме што не направивме поголема доза.

Компирите сварете ги, а потоа испасирајте ги.
Додека се топли додајте го путерот и мешајте додека се растопи.
Додадете го лененото семе, сол и бибер.
Измешајте убаво и оставете ја смесата да се подолади.

Секоја вдлабнатина од калап за мафини премачкјате ја со малку масло и посипете со лебни трошки.
Земајте од смесата и нанесете ја во калапот во вид на корпички (како на дополнителната слика).
Печете на загреана рерна од 200степени, 20-25 минути додека да фатат кора.
Извадете и оставете да се оладат.

Полнење
Исцедете ја туната од маслото и ставете ја во кујнски сецко или блендер.
Додадете го обарениот грашок, перјата млад кромид,краставичките и мајонезот.
Изблендирајте, но не многу долго, нека останат покрупни парчиња од состојките.
Посолете и наросете бибер.

Секоја од корпичките наполнете ја од вака припреманото полнење.

Забелешка
Од овие дози ми излегоа 6 корпички.
Ги печев во силиконскиот калап за мафини на Делимано.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани