Оваа бајадера од компир е одлична како солено ладно предјадење, декоративна за посни слави или разни други пригоди.

1. Компирите се лупат, се варат и се цедат. Додека се топли се пасираат со вилушка, се додава мешаниот сув зачин и маргаринот, а потоа со миксира да се добие мазно пире.
2. Сусамот се потпекува, се лади, посниот солен кекс се мели и овие состојки се мешаат со 3 лажици од основата односно пирето. Смесата рамномерно се распоредува во калап за бајадера обложена со алуминиумска фолија.
3. Смоките и солените пржени кикиритки се мелат одделно, се додаваат на вторите 3 лажици од пирето заедно со црвениот пипер и куркумата. Се меша сето убаво и се распоредува врз првиот дел.
4. Калапот се става во ладилник за да се стегне но не да замрзне, доволно за да може да се отстрани фолијата. Се сечат парчиња дебели 1,5 см. и со метален готварски шприц на секое парче солена бајадера се нанесува од жолтиот дел од пирето кое остана.

Се чува во фрижидер и се служи ладно. Од мојот калап излегоа 25 солени бајадерки. Пријатно!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани