1. Компирите ги лупиме и сечиме на коцки. Кромидот го чистиме и ситно го сецкаме. Шампињоните ги сецкаме.
2. Компирите и кромидот ги ставаме во караванче. Ги додаваме маслото, мешаниот сув зачин, ориганото и сол. Печиме 30 мин на 200 степени.
3. Потоа ги додаваме шампињоните и печиме додека компирите не бидат готови.
4. Кога ќе бидат готови компирите, на две места во караванчето ги ставаме јајцата, печиме додека јајцата не бидат готови.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани