- Оставете маргаринот да омекне на собна температура
- Јајцата заедно со шеќерот изматете го, додадете го на помали коцки исечен маргаринот, продолжете да матите да се спојат. Додадете го брашното во кое веке сте измешале ја ванилата, лимон шеќерот или кората од лимон. Измесете убаво нелепливо тесто. Без да се става во фрижидер расукајте кора, вадете со модлите како што сакате да ви изгледаат колачињата. Печете на 180 степени околу 10-15 мин, но сепак секоја рерна е различна - внимавајте да ви останат бели.
Дебелината на кората од која ке вадите слатките зависи дали ке сакате да ги лепите со некој џем, мармалад, крем.. или само едноставно така колачиња...
Напомена
- Ги месев со мешавината од мекото и острото брашно, но може и само со меко.
Срекни празници!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани