Овој колач е со многу интересен со вкус, комбинација на сезонски овошја.
1. Изматете ги белките со шеќерот, а потоа додајте ги жолчките.
2. Потоа додајте ги јогуртот, брашното, маслото, 1 пакетче ванилин шеќер и половината од циметот. Сè добро промешајте.
3. Истурете ја смесата во подмачкан калап за торта (со дијаметар 23 см).
4. Јагодите исецкајте ги на помали парчиња.
5. Распределете ги јагодите и црешите по површината на колачот, потоа посипете со ванилин шеќер и со остатокот од циметот.
6. Печете го колачот околу 45 минути на 150 степени. Повремено проверувајте со чепкалка дали колачот е испечен.
Послужете го колачот со свежи јагоди и цреши.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови