Подготовка на кората.
Ги матиме јајцата со шеќерот кога се изматени го додаваме маслото, 170 гр павлака која претходно ја имаме изматено малку со вилушка.
Го додаваме брашното во кое сме го измешале пецивото ја додаваме и ванилата.
Во подмачкана и набрашнета таба 20х30 или слична големина ја додаваме половина од смесата за кора.
Во другата половина ја додаваме останатата павлака 30 гр исто изматена и какаото соединуваме заедно и ова смеса ја додаваме во тавата распоредувајки ја врз долната смеса.
Јаболките ги лупиме ги сецеме на резанки и ги распоредуваме врз кората во редица.
Печеме на 180 степени околу 30-35 минути најдобро да провериме со чепкалка.

Подготовка на кремот.
Во половина од млекото го додаваме јајцето и брашното и ги матиме заедно. Во другата половина го додаваме шеќерот и ставаме да зоврие кога е зовриено ја додаваме првата смеса и вариме со постојано мешање додека да се згусти. Оставаме да се излади во изладениот крем го додаваме маргаринот отстоен на собна температура и матиме да се соедини кремот.
Кората исто така треба да е оладена и го додаваме кремот, го распоредуваме одозгора. Јас наросив какао, но тоа останува по ваша зелба може какао, кокос, чоколадо или шлаг. Потоа колачот се сече на парчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови