Едноставен колач и тоа само од суви состојки,  јаболките го прават колачот вкусен и сочен. Пробајте го :)
1. Јаболките се лупат и се рендаат, сите преостанатите состојки (освен маргаринот) се промешуваат.
2. Во намрсено и набрашнето тавче бр. 26 ја редиме третина од сувата смеса, а одозгора ги нанесуваме половина од јаболките. Потоа го нанесуваме вториот дел од смесата и ја покриваме со јаболки. Одозгора се нанесува преостанатата смеса и накрај се полева со растопениот маргарин.
3. Во тестото се прават мали дупки за да го упие маргаринот и се пече на 200 степени околу 30 минути. Изладениот колач се посипува по желба со цимет и шеќер во прав.
Доколку мрсите може да користете наместо маргарин путер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани