Поттикната од многуте рецепти што излегоа со цреши/вишни, направив и јас една моја варијанта без јајца.
Брзо и лесно, се мешаат сите суви состојки, а на црешите им се отстрануваат семките и се валкаат во брашно. Се додаваат течните состојки во сувите, на крај и црешите и се истура во плехче обложено со хартија за печење.
Јас овој пат направив полoвина доза, во мало плехче за леб, па бидејќи беше повисок колачот, а е без јајца му требаше повеќе време за печење. Околу 1 час.
Одкако ќе се излади, се посипува со шеќер во прав.
Забелешка - го правев и само со брашно без гриз.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови