Ова е едноставен и брз рецепт за колач со јаболки, кој лесно се подготвува, а е многу вкусен.
-Јаболките се лупат и се сецкаат на коцки и се посипуваат со цимет.
-Оревите исто така се сецкаат.
-Се матат путерот и шеќерот и во смесата се додаваат едно по едно јајцата.
-Одкако ќе се изматат убаво, се додава брашното и се промешува.
-Се мешаат јаболките, оревите и смесата матена.
-Во калап (по избор) обложен со хатија за печење, се става смесата.
*јас користев округол калап бр. 26.
-Се пече на 150 степени, околу 40-50 минути.

Одозгора се прелева со стопено чоколадо и чоколаден прелив.

*Колачот е многу вкусен бидејќи самите јаболки даваат мекост и сочност на тестото и вкусен е и дури неколку дена.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови