Изматете ги пенесто јајцата и шеќерот.
Намалете го миксерот на најмала брзина и додајте ги јогуртот и маслото.
Матете кратко додека се соединат состојките.

Додадете го просеаното брашно и пециво и измешајте со жица за матење.
На крај додајте го афионот и прстофат сол.
Измешајте.

Истурете ја смесата во калап премачкан со масло и набрашнет.

Печете на 180 степени, 30 минути.

Испечениот колач оставете го да се олади убаво во калапот.

Извадете го и посипете со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани