Уште една варијанта на колач со тиква и ореви, кој е мек, вкусен и едноставен во приготвување :)

1. Излупените ореви се сецкаат ситно и се мешаат со варената и згмечената тиква.
2. Јајцата се матат со миксер заедно со шеќерот и ванилинот, потоа се додаваат брашното и пецивото, смесата се промешува и се додаваат оревите со тиквата.
3. Смесата се става во намрсено и набрашнето тавче бр. 24 и се пече во рерна на 180 степени околу 40 минути.
4. Приготвениот колач се наросува со шеќер во прав.

Во смесата може да се додаде малку изрендана кора од портокал.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани