Рецептот ми е од мојата пријателка Билјана.

Измени направив само кај брашното и шеќерот. Во оригиналниот рецепт е со бело пченично брашно и обичен шеќер, а јас ги заменив со малку поздрава варијанта од спелтино, интегрално оризово брашно и кафеав шеќер.

Јаболкото излупете го и заедно со водата изблендирајте го.
Префлрлете во поголем сад и додајте го шеќерот и маслото.

Измешајте ги содата и сокот од лимон и додајте ги во садот со останатите состојки.
Постепено матејќи со жица додавајте ја мешавината од брашна.
На крај додајте го сецканото суво овошје и сончогледот.

Измешајте ја убаво смесата и префрлете ја во правоаголен калап за векна.

Печете на 180 степени, 35 минути.
Испечениот колач пред да го послужите оставете го целосно да сеолади.

Пред печење по желба може да го посипете колачот со кафеав шеќер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани