При правењето на посни колачи, сфатив дека се многу полесни и поедноставни за правење од овие „мрсните“. Нема матење јајца, додавање путери, млеко, минимално се трошат садови и времето за подготовка е сведено на минимум. А и поздрави се. 1 шолја е 250 мл.

Подготовката е многу едноставна, се мешаат сите состојки се истураат во четвртаст калап за печење обложен со хартија за печење. Се пече на 180 степени околу 30-40 мин.

После печење, по желба може да се направи и чоколадна глазура со посно чоколадо или со варење на какао, шеќер и вода, обично ја правам од око. Уште поубаво е ако го исечете прво колачот па потоа ја потурите глазурата за да навлезе во исечениците. Исто така, може и да се премачка со џем или мармалад, па потоа да се прелее со глазура или едноставно да се финишира со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови