Прво земаме два сада и ги делиме белките од жолчките.
Во жолчките ставаме половина количина на шеќер и матиме до побелување.
Го додаваме и млекото.
Со чисти маталки матиме снег од белките и го додаваме останатиот шеќер.
Со лесни движења ги соединуваме двете смеси, а при тоа ги додаваме просеаното брашно и пециво.
Смесата ја истураме во правоаголна ростер тава.
Печиме во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.
Оставаме колачот да се подизлади.
За тоа време ги сечиме праските на парчиња.
Ги редиме врз тестото.
Во касерола ставаме, половина количина на млеко заедно со шеќерот да се загрева.
Во остатаокот од млеко ги раствораме пудинзите.
Ги соединуваме двете смеси и вариме на умерен оган до згуснување.
Оставаме на страна околу 10 минути и повремено промешуваме.
Во топлиот пудинг ги додаваме киселите павлаки и соединуваме со миксер.
Топлата смеса ја истураме врз наредените праски.
Оставаме во фрижидер најмалку 3 часа за колачот да се излади.
Сечеме на коцки и послужуваме.
Колачов послужен од фрижидер е право летно освежување.

Врз кремот по желба може да се стави матена слатка павлака, чоколадо, лешници.......

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани