Најпрво се вари филот.
Жолчките, пудинзите, брашното и дел од млекото убаво се раствораат. Остатокот од млекото се зоврива со шеќерите и се вари пудингот до потребната густина со постојано мешање на умерен оган.
Се лади. Во сосема ладно се додава добро изматената слатка павлака и се добро се поврзува со миксер.
Во соодветен калап со откопчување (јас моментално немав правоаголен со димензии 22 на 18 см. и користев пластичен сад, ама тешко за вадење на коцките, затоа само форма -) ) обложен со најлонска фолија се реди прв ред од пишкотите. Секоја се натопува во млекото со нес кафето, па во кокос и се реди.
Се нанесува скоро половина од филот ( бидејки малку се остава и за одозгора, како трет дел од филот) над пишкотите.
Се редат втор ред пишкоти, но во спротивен од првиот.Ако првиот беа надолжно редени, сега попречно.
Па втора половина од филот.
Повторно пишкоти и малку фил.Убаво се измазнува.
Се остава во фрижидер преку ноќ, па се наросува преку цедалка за чај со какао и се сечи.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани